По пауза од пет години, љубителите на атрактивни и модифицирани автомобили имаа можност повторно да уживаат во годинешната изложба на автомобили која во Прилеп ја организираше Tuning Car Show, а поводот беше 11 октомври Денот на народното востание.
Настанот беше од хуматираен карактер, одоносно средствата од котизацијата на учесниците беа донирани на прилепските семејства чија заедничка куќа неодамна беше опожарена.
Оваа изложба беше поддржана од локалната самоуправа и како што велат организаторите од голем број спонзори кои се вклучија во реализиацијата на настанот.
На изложбата учествуваа ентузијасти кои имаа со што да се пофалат, беа презентирани над стотина автомобили кои учествуваа во неколку категории.
На учесниците кои го збогатија празничниот настан, а ги имаше и од земјава и пошироко им беа дадени благодарници и плакети за нивните уникатни модифицирани автомбили и олтајмери.
На изложбата освен модифицирани автомобили кои со својот уникатен дизајн за внатрешен и надворешен изглед, екстремното подесување, квалитет на звук, доминираа теренски и луксузни возила, а беше избран и автомобил на шоуто.












