Автомобил удри пешаци пред џамија во Лондон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку двајца луѓе се однесени во болница откако автомобил удрил во пешаци пред џамија во Лондон, соопшти полицијата, пренесоа локалните медиуми.

Инцидентот се случил утрово нешто по полноќ во областа Криклвуд во северозападен Лондон.

Полицијата рече дека случајот го „третира како тероризам“.

Возачот на автомобилот е во бегство.

За повредите „не се верува дека се опасни по живот“, а „полицијата во моментов ги разгледува сите можни причини за нападот“.

mkd.mk

Share.