Агенцијата за млади ја повлече збирката со дискриминаторски содржини

0
332

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и се извини на јавноста и рече дека ќе биде повлечен тиражот на збирката „Млади поети“ кои се уште не е диструбиран, а во која се објавено две песни со контроверзна содржина.

„Во овие две песни има недолична содржина. Според мене, содржината дискриминира и шири говор на омраза и јас како директор на Агенцијата за млади сум против ваква содржина и го сметам за грешка. Агенцијата за млади ја почитува слободата на говор, но истовремено се противи на каков било говор на омраза и дискриминација базирана на родова, етничка или каква било друга основа“, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Каевски кој е потпишан како уредник на збирката, вели дека потписот го ставил за постапката, а не за содржината на песните.