АД ЕЛЕМ повторно ќе продава вишоци електрична енергија

0
295

АД ЕЛЕМ објави продажба на вишоци електрична енергија за јуни 2018 година, во вкупни количини од 24.480 MWh електрична енергија, од кои 14.400 MWh се базна и 10.080 МWh се врвна eлектрична енергија.

Како што информираат од компанијата, продажбата ќе се одржи на 22 мај во просториите на дирекцијата на АД ЕЛЕM – Скопје по пат на аукциско наддавање од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија, со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

„Во понатамошниот период ќе следуваат нови објави за продажба на вишоци електрична енергија за јули 2018 година благодарение на добрата оперативна и производствена кондиција во која се наоѓаат термоелектраните и хидроелектраните на АД ЕЛЕМ, како и поради добрата оптимизација на производството која е направена во изминатиот период и која овозможува дополнително производство на електрична енергија“, се наведува во соопштението на компанијата.

Последната продажба во АД ЕЛЕМ се одржа на 3 мај, на која беа продадени вишоци електрична енергија за 3.874.598 евра.