Академик Таки Фики промовиран во редовен член на МНД-Битола

0
954

Академик Таки Фити денеска беше промовиран во редовен член на Македонското научно друштво Битола.

Како дел од промотивниот настан во универзитетската библиотека Фити одржа пристапно предавање на тема “Нобеловци по економија” пренесувајќи искуства важни за актуелните економски текови.

За промоцијата во редовен член на Македонското научно друштво Фити посочи дека тоа е голема чест за него бидејќи друштвото има развиена дејност и е постаро и од Македонската академија на науките и уметностите.


Од Македонското научно друштво посочуваат дека ова ќе ја зголеми соработката со МАНУ, но ќе отвори и нови перспективи во научно истражувачката дејност.


На денешната промоција беше најавено и продлабочување на релациите помеѓу МНД Битола и Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ.


Со денешната промоција МНД Битола ја зголеми бројката на академици кои членуваат во друштвото, истовремено збогатувајќи ја експертизата на друштвото, овој пат на полето на економијата.