Академија Пандев првпат го освои Купот на Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Првата титула во својата историја, Академија Пандев ја освои по подобро изведување пенали против Македонија Ѓ.П.

Академија Пандев е победник на 27. издание од Купот на Македонија. На Националната арена „Филип Втори“, струмичани славеа со вкупни 6-4 против Македонија Ѓ.П. по подобро изведување пенали, откако регуларните 90. минути и продолженијата од два пати по 15. минути завршија без победник, 2-2. Академија Пандев прв пат во својата историја го освојува Купот на Македонија.

МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 4:6 (п) (2:2) (1:1)

(0:1 Сашко Пандев 10` – 1:1 Да Силва 21` – 2:1 Дејан Тантуровски 84` – 2:2 Љупчо Дориев 86`)

Судии: Марјан Ецкоски (Охрид), Ѓорги Карајанов (Гевгелија), Илчо Јорданоски (Прилеп), Зоранчо Темелков (Кавадарци), Петар Мантев (Неготино), Никола Божиновски (Скопје);

МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.: 12. Марко Јовановски, 2. Жуниор Изалдо (16. Филип Стојановски 110`), 7. Боби Божиновски, 10. Да Силва Робсон, 11. Христијан Кировски (14. Бенјамин Демир 101`), 13. Христијан Пецов, 17. Кристијан Филиповски (23. Пауло Карваљо 72`), 18. Андре Гама, 21. Сабит Билали, 24. Дејан Тантуровски; Тренер: Александар Таневски

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: 1. Душан Чубраковиќ, 3. Давид Атанаскоски, 4. Диме Димов, 5. Томислав Илиев, 6. Стефан Костов, 8. Ѓорги Стоилов, 10. Даниел Миловеновиќ (77. Ацо Стојков 89`), 14. Љупчо Дориев, 19. Сашко Пандев (Марио Крстовски 79`), 23. Кристијан Стојкоски (7. Кристијан Иванов 69`), 99. Стојанчо Велинов; Тренер: Југослав Тренчовски

Share.