Ако новинар објави лажна вест ќе остане без лиценца

0
154

Индиската Влада објави наредба со која се овозможува одземање акредитации на новинари обвинети за ширење лажни вести.

Министерството за информирање и емитување програма синоќа соопшти дека на секој новинар кој „креирал и/или пропагирал лажни вести“ ќе му биде одземена акредитацијата до завршување на истрагата.

Првата казна ќе биде одземање на акредитацијата за следење владини настани на шест месеци.

 Доколку се повтори престапот, забраната се продолжува на една година, а ако новинарот трет пат биде обвинет за ширење „лажни вести“, акредитацијата му се одзема засекогаш.