Актерката Елизабет Олсен во две интервјуа ја навреди Србија

Американската актерка Елизабет Олсен, една од близначките Олсен, даде интервју за емисијата „Keeping Secrets“, во кое, меѓу другото, зборуваше и за снимањето на филм во Република Србија. Во една од изјавите таа кажа дека „нема причина некој да ја посетува Србија“, како и дека „немаат ништо уникатно – српско во Србија, бидејќи тие постојат само тринаесет години“. „Всушност, нема ништо уникатно – српско, бидејќи тие се самостојна земја само околу тринаесет години. Тие немаат ништо свое, само присвојувале од оние кои некогаш ја окупирале нивната земја во одреден период“, изјавила актерката во емисијата.

Актерката кажала дека снимала во Србија неколку месеци и дека била слободна само во неделите и дека само тогаш имала можност да ја запознае нивната земја и култура. Презентерите се насмевнале на нејзината изјава, но притоа истакнале дека „милиони Срби ја гледаат нивната емисија“ поздравувајќи ги своите гледачи. Некои корисници на социјалните мрежи се најдоа навредени од ова, а како што велат – „таа ја навредила нивната земја и нивниот народ“. Навредливите коментари за Елизабет Олсен подоцна се проширија на социјалната мрежа Твитер, а притоа и излезе уштe едно видео каде актерката повторно го навредува српскиот народ.

Сподели