Денеска од 10.00 до 11.30 часот од страна на полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола, по претходно изготвен план, на подрачјето на Битола спроведена е акциска контрола по Законот за јавна чистота, со цел подобрување на јавната безбедност, а во рамките на “Безбедно лето 2023”, во содејство со полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот и инспектори од Државен пазарен инспекторат Битола.
Како што стои во соопштението од битолската полиција, при контролата се констатирани прекршоци по Закон за јавна чистота, продажба на земјоделски производи на јавна површина, при што истите се одземени и предадени во КПУ Затвор Битола.
Исто така од страна на полициската станица за безбедност на сообраќајот се констатирани прекршоци по чл.66 ст.1 т.1/3 и чл.12 ст.2/5 од ЗБСП.












