Албански државјанин фатен во незаконски лов во НП Галичица

0
243

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Свети Наум“ кај место викано Попо вчера во 17 часот го затекнале без документи лицето А.П. (56) од Поградец, Албанија.

Со него имал пушка марка „Бенелли“ со шест ловни куршуми. Затекнат е при вршење кривично дело „незаконит лов“, казниво по член 228 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија во подрачје под Националниот парк „Галичица“. Лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка.