Александар Димовски е спортист на Битола за 2017 година

0
1918

Бокс и кик-бокс шампионот на Македонија во тешка категорија, Александар Димовски е спортист на Битола за 2017 година. Димовски ја продолжи доминацијата на спортистите од благородната вештина и од боречките вештини кои често ги добивале признанијата на манифестацијата, која годинава го имаат својот 55. избор. Второто место го освои Ана Ивановска од СК РЕК Битола и за капитенот на ФК Пелистер, Гоце Тодоровски.

Фудбалскиот клуб Пелистер е екипа на годината, заради освоениот Куп на Македонија и излезот на меѓународна сцена. Специјални признанија добија ракометарите Филип Кузмановски и Никола Митревски, ракометниот тренер Борче Марковски, РК Еурофарм Работник и легендарната ракометарка Марија Чурлевска – Џидрова, која ја доби наградата за спортски работник.

Оливера Наковска Бикова пак го одби признанието за најдобар спортист со инвалидитет.