Алиоски: Горди сме на натпреварот што го одигравме против Австрија

Македонската репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им се спротивставиме на Националната арена во Букурешт.

Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски зборуваше за очекувањата од натпреварот.

„Горди сме на натпреварот што го одигравме против Австрија. Резултатот не беше добар за нас, но мораме да размислуваме позитивно. Се фокусираме на мечот со Украина, имаме време за закрепнување и ќе бидеме подготвени. Го анализираме противникот и треба да ги корегираме грешките од првиот натпревар. Треба да го играме нашиот фудбал, да веруваме во себе. Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина.

Тактички треба да бидеме на ниво, но и да бидеме многу внимателни. Украина игра добар, офанзивен фудбал. Постигнаа два гола против Холандија, влегуваат како фаворити на мечот и тоа е добро за нас. Имаме квалитет, ќе излеземе без страв и со верба во позитивен резултат. Точно знаеме што треба да подобриме и важно е бидеме на ниво во текот на сите 90. минути. Имаме квалитетда постигнеме два гола дури и да сме во негатива. Најважно е да веруваме во себе и во тимот“, заврши Ангеловски.

Сподели