Амбасадата на САД бара идеи за решеавање на загадувањето

0
324

Амбасадата на САД преку твитер ги повика граѓаните на Скопје за идеи за решеавање на загадувањето во Скопје и веднаш доби одговор од Амбасадата на Русија.

Амбасадата на САД во Република Македонија изрази загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје и постави прашање „Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?“.

На ова амбасадата на Русија во Македонија, исто така преку твитер, одгвори: Бидејќи нашите пријатели од Амбасадата на САД бараат идеи за загадувањето на воздухот во Скопје, би сакале да им го предложиме следново решение – објавена е скица од планираниот гасовод „Турски тек” кој според првичните планови треба да поминува низ Македонија.

www.mkd.mk