Амди Бајрам: Јас морам да бидам со власта, зад добар коњ добра прашина се дига

0
821

„Јас морам отворен да бидам према цела јавност и не треба многу прашина да дигаат затоа што зад добар коњ добра прашина се дига“ вели Амди Бајрам, претседател на Сојузот на Ромите во гостувањето на 1ТВ.

– Јас сум политичар толку години и треба сите да сфатат, цела македонска јавност и пошироко, не треба да дигаат многу прашина околу мене затоа што јас сум политичар и знам како треба да се делува и да се работи, прав политичар, кога треба и како треба да настапам, тоа знам, а во интерес на моите Роми јас сум спремен увек во секое доба, морам да видам кој е на власт, јас да бидам со вас – вели Бајрам.

Вели дека во парламентарното мнозинство има голема тежина и дека кога Никола Груевски го напуштил ВМРО-ДПМНЕ и тој излегол во Собранието како независен пратеник на Сојузот на Ромите, партија со над 50.000 членови. Бајрам вели дека до сега им бил лојален на сите влади, но сега не сака да соработува со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски затоа што тој не е политичар од негов ранг. До сега ги поддржал сите закони и смета дека бил клучен на СДСМ да не и биде изгласана недоверба на интерпелацијата поднесена од опозициската коалиција.