Американец избран за главен обвинител за Специјалниот суд на Косово

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Американецот Џек Смит денеска е избран за главен обвинител во Специјалниот суд во Хаг за истражување на воените злосторства направени за време на војната на Косово во 1998 – 1999 година.

Судот ќе ги истражува злосторствата направени над Србите, од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на судирот и по него.

Веднаш по назначувањето, Смит изјави дека тоа е голем предизвик и дека е подготвен да продолжи со истрагите.

Share.