Американска физичарка нарача белгиско сирење во вселената

Меѓународната вселенска станицa редовно се снабдува со храна и тоа најчесто со храна во сушен облик. Но, дека има исклучоци потврдува и тоа што американската физичарка Шенон Вокер, која е дел од екипажот на Меѓународната вселенска станица повеќе од четири месеци, побарала да ѝ биде доставено нејзиното омилено белгиско сирење „Румбеке Кристал Олд Фармдејл“.

Имено, астронаутите понекогаш можат да ја побараат и својата омилена закуска.
Така, Шенон, која сега е во Земјината Орбита по вторпат, од декември двапати побарала да ѝ испратат од сирењето „Румбеке Кристал Олд Фармдејл“, чиишто оригинални погони се наоѓаат во Фландрија, Белгија.

Се работи за тврдо, зачинето сирење, со големи зрна сол.


Прочитајте: Метју Меконахи сериозно размислува да се кандидира за Гувернер на Тексас


Таа, инаку, е доктор по физика и експерт за роботика. Родум е од градот Хјустон, каде што е центарот на НАСА. Производителот на сирењето, Луис-Филип Девер, истакнал дека е воодушевен и горд бидејќи никогаш не ни помислувал дека неговиот производ ќе стигне до Вселената.

Сподели