Американскиот потпретседател Пенс: Сестрата на Ким Џонг Ун е столб на тиранскиот режим

0
318

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја обвини сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека е „столб“ на тиранскиот режим кој загрозува милиони граѓани.

Пенс со неа присуствуваше на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во Јужна Кореја.

„Сестрата на Ким Џонг Ун е централниот столб на најлошиот тирански и репресивен режим во светот. тоа е злобна семејна банда која брутализира, убива, затвора и малтретира околу 25 милиони луѓе“, кажа Пенс на собир на републиканците во Вашингтон.

Американскиот потпретседател истакна дека САД остануваат решителни против Северна Кореја сѐ додека се заканува на земјата и нејзините сојузници и сѐ додека не се откаже од нуклеарната програма.

Пенс и Кин Јо Џонг присуствуваа  на отворањето на Зимските олимписки игри во иста ложа под будното око на светските објективи. Тие не разменија ниту еден збор.

mkd.mk