Американски научници спасени близу Антарктикот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Аргентински мразокршач спаси петмина американски научници, кои беа заробени на острово во близина на Антарктикот.

Министерството за надворешни работи на Аргентина соопшти дека спасените научници со хеликоптер се префрлени на мразокршачот, затоа што бродот не можел да му пријде на островот бидејќи ледената пречка била премногу тврда.

Научниците се во добра здравствена состојба, а во САД ќе бидат префрлено кога тоа ќе го дозволат временските услови.

Share.