Американците стравуваат дека Трамп може да употреби нуклеарно оружје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Повеќе од половината Американци (52 отсто) стравуваат дека претседателот Доналд Трамп може да даде наредба за користење нуклеарно оружје, покажуваат резултатите од анкета на Вашингтон пост и Еј-Би-Си.

Педесет отсто од анкетираните одговориле дека не би му довериле „црвено копче“ на Трамп, а 38 отсто биле со спротивен став.

Меѓу оние кои немаат доверба во Трамп за тоа прашање, речиси 90 отсто стравуваат дека тој може да даде наредба за нуклеарен удар врз некоја држава.

Анкетата била извршена врз 1.000 луѓе.

novatv.mk

Share.