Денеска со реакција за искажаното на прес конференција од страна на Коњановски за училиштето „Св. Климент Охридски“, се огласи в.д. директор на ОУ „Св.Климент Охридски“, Гордана Анастасова.
„Во однос на вчерашниот прес на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, да ве информирам дека воспитно-образованата работа во ОУ „Св.Климент Охридски“ се одвива непречено и без застој, дека немаше никаков бојкот пред училишната зграда како што беше најавено и онаму каде што имаше некој одреден проблем разговарано е со родителите и се е средено, така што се си тече во нормален ред.
Во однос на тоа што бев повикана дека се испуштени пет наставници, тие не се отпуштени, туку нив им заврши договорот за итни неодложни работи, а на работа се вратени оние наставници на кои што во август требаше да им бидат продолжени договорите, кои што ги исполнувале условите за трансформција и имаа добиено позитивна согласост од втростепената комисија. Тие наставници си се вратени на настава со што ќе им се овозможи трансформацијата и нивно трајно вработување.
И со сето тоа се продолжува воспитно-образовната работа, без никакви реакции од страна на други родители или наставници и непречено ќе си се одвиваат сите активности кои што се планирани за оваа учебна година, вели Анастасова.












