„Ана Франк – историја за денес“ во Крушево

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ во Крушево беше отворена изложбата „Ана Франк – историја за денес“. Изложбата се одржува во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) од Скопје и СОУ „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево.

На 32 панели, прикажана е животната приказна на Ана Франк, но и други фотографии како сведоштво за подемот на нацизмот, холокаустот и Втората светска војна.

Истакнато беше дека изложбата е особено значајна што ќе допре до теми кои се важни не само за младите, туку и за целото човештво. Низ изложбата, посетителите ги водат обучени ученици од гимназиската струка од крушевското средно училиште.

Патувачката изложба „Ана Франк – историја за денес“, спаѓа во редот на најпознатите светски едукативни изложби, која во повеќе од 40 држави ја виделе преку 5 милиони посетители. Во 18 градови во Македонија, неа досега ја виделе околу 18.000 луѓе. Изложбата во крушевскиот Дом на културата ќе биде отворена до 10 јуни.

Share.