Ангела Меркел и официјално четврти пат канцеларка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Членовите на германскиот парламент денеска го потврдија четвртиот мандат на канцеларката Ангела Меркел. Со ова му е ставена точка на процесот на избор на нова влада, кој траеше речиси шест месеци.

Пратениците гласаа со 364 гласа за и 315 против. Деветмина беа воздржани.

Коалицијата ЦДУ, ЦСУ и СПД на Меркел има 399 места во парламентот, според АП.

Истата коалиција беше на власт во изминатите четири години, но формирањето нова коалиција беше тешка задача.

Гласањето во Бундестагот се случи 171 ден по септемвриските избори, што е рекорд во должината на формирањето влада, дури и двократно.

Меркел сега ќе предводи влада што претрпе значајни промени. Таа денес ќе положи заклетва како федерален канцелар, а по неа и другите членови на владата.

mkd.mk

Share.