Ангеловски го објави списокот за дуелите во Анталија, повикани Ристевски и Спировски

0
313

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два контролни натпревари во Анталија против селекциите на Финска и Азербејџан.

Селекторот, Игор Ангеловски, реши да настапи со проверени сили. Единствено како ново име во однос на 2017 година се појавува Дејан Илиев од Арсенал кој треба да го замени повредениот Дејан Митов Нилсен.

„Ќе одиграме два меча. Пред нас е една исклучителна година во која не очекува Лигата на нации. Јас не планирам да правам експерименти во селекцијата“ потенцираше Ангеловски на денешната средба со новинарите.

„Прво, тоа што е добро од 2017 не се менува. Второ е фактот што сакам повеќе да се воиграме, за да можеме бидеме максимално подготвени за настап во Лигата на нациите каде ќе одиме на првото место во групата“, додаде Ангеловски.