Ангеловски: Потребни ни се ладни глави против Словенија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Зацртаната цел на нашата фудбалска репрезентација од двете гостувања во овој дел од квалификациите е остварена – Македонија со четири бода се враќа од септемвриските гостувања во Израел и Летонија и делумно го поправи лошиот впечаток по јунските порази од Полска и Австрија во Скопје.

Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од тоа што Македонија се врати во игра за пласман на ЕП преку овие квалификации. На прес-конференцијата по вчерашниот натпревар тој истакна дека се потври неговара доверба во оваа група фудбалери.

„Дојдовме по победа, ги освоивме трите бода и тоа е најважно. Како што реков и пред натпреварот, останавме во последните четири натпревари со шанси за директна квалификација. Можеби требаше да победиме поубедливо, но не гледам на ниту една победа во заби и жалам само за испуштената шанса во Израел. Иако многумина не отпишаа по поразите од јуни, еве сега се вративме во игра и имаме реални шанси во октомври и ноември. Реков дека ќе бидеме задоволни со повеќе од три бода, па еве ја остваривме целта. Сега ни треба ладна глава во соблекувалната и еуфорија на трибините. Од доегашните натпревари во квалификациите сум задоволен од сите детали, со исклучок на натпреварот со Австрија. Нека биде натпреварот со Словенија едно финале, тоа е натпревар за полни трибини и меч кој може да ни донесе многу во овие квалификации“ истакна Ангеловски.

Share.