ТЕРА

REKLAMA???

АНДРЕЈ МАСЛИНКО ГО НАПУШТИ ГОСТИВАР И ПОТПИША ЗА ПЕЛИСТЕР

Два дена откако ја прекина соработката со Гостивар, македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Од денеска, 25-годишниот крилен играч е нов член на Пелистер каде ќе остане до крајот на оваа сезона. Битолскиот клуб ќе биде петти за него на домашна сцена, по Работнички, МЗТ Скопје, ТФТ и Гостивар.

Интересно е тоа што своето деби за новиот тим, Маслинко ќе го забележи токму против својот досегашен клуб Гостивар против кого Пелистер игра во првото коло од втората полусезона. Со него во составот, битолчани ќе се обидат да дојдат до барем еден трофеј во македонската кошарка оваа сезона. За репрезентативецот беше заинтересиран и Работнички, но тој одлучи да го облече зелено-белиот дрес.