Андре Риу доаѓа во Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 6 јуни 2019, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје доаѓа најголемата ѕвезда во денешно време. Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) е несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари. Насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ од Мексико до Австралија, Андре Риу свири во своја сопствена лига пред 600.000 публика годишно, надминувајќи ги дури и суперѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Ријана.

Во организација на Пасворд продукција на 6 јуни 2019 Андре Риу ќе настапи во живо во арената „Борис Трајковски“ во Скопје со неговото бомбастично сценско шоу во рамки на светската турнеја за 2019 година.

Билетите за овој екслклузивен настан кај нас ќе бидат достапни во продажба од СРЕДА, 23-ти ЈАНУАРИ 2019-та од 10:00 часот на сите продажни места на МкТикетс и на www.andrerieu.com.

„Музиката и особено валцерот се многу важен дел од мојот живот, Ако некое музичко дело го допре моето срце, ќе го допре и вашето срце исто така. Оваа прекрасна музика ми дозволува да внесам радост во животот и смеа во светот. Сѐ е дозволено на моите концерти: смеење, плачење, танцување, пеење. Емоциите се тајната на мојот успех“, вели музичарот.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот 60-член Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот.

Меѓу останатите земји, во рамки на ланската светска турнеја Андре Риу настапи и во С.А.Д, Канада, Аргентина и Австралија, како и во Велика Британија. Со цел да се организира патувачката рута и превозот на неговата огромна продукција помеѓу континентите, сите фантастични костуми, инструментите и сценската конструкција постојат во четири идентични поставки. Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“. Неговите „ЈуТјуб“ видеа надминуваат далеку над милијарда прегледувања досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на Валцерот на „Фејсбук“.

Во јули 2018-та Андре Риу ги одржа и годишните концерти на отворено во родниот град Мастрихт во Холандија. За прв пат, на 13-те вечери повеќе од 150.000 фанови од над 80 земји беа дел од спектакуларните концерти во Вријтхоф.

Андре Риу повеќе од 40 години е среќно оженет и живее со својата сопруга Марџори во романтичен замок од 1452 година во Мастрихт во Холандија. Тие имаат два сина и пет внуци.

Андре Риу и неговиот Јохан Штраус оркестар годинава доаѓаат во Скопје што ќе биде уживање во фантастичниот спој на валцер, филмска музика, мјузикли, опера и хитови.

Најдобрите влезници публиката ќе може да ги набави од среда, 23 јануари 2019 од 10:00 часот за премиерна, незаборавна вечер и доживување со Андре Риу – ВО ЖИВО во Македонија!

Повеќе информации за билетите кои почнуваат со цена од 3050 денари може да се провери на www.mktickets.mk и www.andrerieu.com

Share.