Анета и Молика вечерва во Берлин

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

После турнејата во Австралија групата Молика и Анета Мицевска продолжуваат со своите концерти. Вечерва се во Германија во Берлин во единствениот македонски ресторан „Македонија“ вечерва за прв пат таму ќе се случи македонска вечер каде групата Молика и Анета ќе настапат со македонски традиционални песни. На ова видео кое на социјалните мрежи го сподели Анета се гледа дел од нивните подготовки за вечерашниот настап.

Вечерва на македонската вечер заедно со нив ќе настапи и Александар Јордановски на виола кој е специјален гостин и еден од солистите на Берлинската опера, како и други гости од Берлинската опера.
Минатиот викенд групата Молика и Анета Мицевска настапија во Германија во голема сала пред бројна публика, а вечерва во ресторанот. После овој концерт во Берлин следува уште еден нивен концерт во Берн, Швајцарија.

Share.