Анкета: Што е „Креместаре“

Кога ќе се спомне зборот „Закачалка“, прво нешто што ни паѓа на памет е онаа триаголна направа каде уредно ги сместуваме алиштата во плакарот. Но, исто така, тоа може да биде и направа со неколку куки за закачување алишта, организирање на алати, прибор за јадење и слично, а може да биде изработена од дрво, метал, пластика и друго.

Кога станува збор за „Закачалка“, интересен е дијалектичкиот изговор на овој збор во Битола, можеби помладите не го користат толку тој збор, но, повозрасните битолчани често знаат наместо закачалка да изговорат „Креместаре“.

За да го потврдиме тоа, направивме анкета на Широк Сокак и ги запрашавме битолчани, дали знаат што е „креместаре“, еве што одговорија.

Од каде потекнува зборот креместаре, до сега не сретнавме конкретна информација, а затоа пак битолското говорно подрачје, изобилува со поими кои наоѓаат секојдневна примена во македонскиот јазик, за крај еве и неколку афоризми поврзани со зборот креместаре:

„Јас не сум на креместаре закачен“
„Види ја слаба колку е, ко` фустанот на креместаре“
„Шо ојш со рамејнците кренати ко` креместарето да си го заборај на кошула“.

Сподели