Антовски: Нов блок во РЕК не работи

Нов блок во РЕК не работи, за народот нема парно зошто за власта има тендери и криминал, рече Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

„Блок 3 на РЕК Битола, повторно е надвор од функција, повторно трансформаторот не работи.

Станува збор за истиот трансформатор којшто се запали во ноември, а беше наводно минат низ процес на ремонт.

Сега пред неколку дена истиот трансформатор го исфрла цел Блок 3 на РЕК Битола од употреба.

Поправката на овој трансформатор од технички аспект е многу дискутабилна. Со техниката не се игра и истата не трпи импровизации. Веднаш после синхронизација на блокот се активирала заштитата на блок трансформаторот и Блок 3 е повторно надвор од погон.

Првите контроли и надзор од стручните лица укажуваат на внатрешен дефект на трансформаторот. Негова поправка во вакви случаи трае повеќе од една година.

Ова значи дека Блок 3 во РЕК Битола најмалку една година ќе биде надвор од употреба. А, тоа пак значи дека ТЕЦ Неготино ќе произведува струја за 170 евра за MWh, а ќе ја продава за 41 евро по MWh на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ уште долго време“, рече Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели