Антонио Дамјановски скокал и до 10 метра во висина со својот мотор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

12 годишниот Антонио Дамјановски ученик во О.У. „Климент Охридски“ од Битола, веќе 18 месеци активно се занимава со мотокрос, спорт, кој како што и самиот вели е најтежок во светот. За релативно краток период има добиено повеќе награди, а на последниот натпревар каде учествувал како мотоциклист, е Државното мотокрос првенство „Орман“ во Скопје, каде го освои првото место во класата МХ-85, а и на свечената церемонија по повод прославата за роденденот на Битола, односно 75 годишнината од ослободувањето на градот „4-ти Ноември“, се закити со уште едно признание од областа во спортот, каде беше награден за постигнати успеси во мото крос. Дамјановски не посети во Тера Тв каде и одблиску се запознавме со него, а тој ни раскажа каде се натпреваруваше и што освои.

Да се скока со мотор е навистина опасно, кажа Дамјановски, но вели дека треба да се надмине стравот.

Ни го опиша и својот мотор кој го вози, вели сакам само Кавасаки.

На крај се заблагодари на сите оние кои му помогнале да се реализира како мотоциклист и да ги достигне овие високи признанија од областа на Мотокросот.

Доколку и вие сакате да возите мотор како нашиот Антонио Дамјановски, пред се’ советуваме според РСБСП во однос на подготовка за возење на оној кој управува со моторот од таму препорачуваат да имате соодветна облека, заштитен шлем (кацига), заштита за очите, ракавици, обувки и останата опрема, секогаш правете проверка на гумите, проверете го горивото и маслото во моторот пред да возите на пат или на стази како што тоа го прави и 12 годишниот Антонио Дамјановски.

Share.