Анџелина Џоли му помага на НАТО во борбата против сексуалното насилство

0
514

Филмската ѕвезда Анџелина Џоли изјави дека се договорила со Јенс Столтенберг генералниот секретар на НАТО во борбата против сексуалното насилство во зоните на конфликт.

Како што кажа, таа и Столтенберг зборувале за тоа како може таа да ѝ помогне на Алијансата во борбата против сексуалното насилство над жените и децата во зоните на конфликт.

Џоли рече дека со појавата на сексуалното насилство „потешко е и поскапо да се постигне мир“, што има директни последици на „напорите на НАТО да ја заштити стабилноста“.

„НАТО ја има одговорноста да биде водечки заштитник на женските права“, рече таа.

„Ќе се фокусираме на обука, известување, следење и развој на свеста како начини да се стави крај на неказнувањето“, рече таа по разговорите со Столтенберг во Брисел.

Анџелина Џоли, како специјален пратеник на УНХЦР, рече дека силувањето се „употребува како оружје за постигнување политички и воени цели“.

www.mkd.mk