ТЕРА

REKLAMA???

АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНОСТ ПРИ ИЗМАМИ И ЗЛОУПОТРЕБИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Секторот за внатрешни работи Битола, поради евидентирани пријави од страна на граѓани за извршени измами од страна на лица кои лажно се претставуват и на различни начини ги доведуваат до заблуда оштетените со цел да остварат парична или друга корист, апелира до граѓаните да бидат особено претпазливи во комуникацијата со непознати лица, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат разни услуги, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или 192.

Од полицијата велат дека овој период граѓаните треба да бидат исклучително внимателни при посредување при купување на огревни дрва, зимница, купување на  најразлични производи или  услуги како лекарства, купување на возила, купување на станови, организации на настани, откуп на железо и друго, при што измамниците сето тоа го прават телефонски и не се појавуваат.Особено,апелираме да не се споделуваат лични податоци ,матични броеви број на банкарски сметки ,да не ги споделуваат на разни страници на социјалните мрежи при електронско пазарување и сл.

Секторот за внатрешни работи Битола упатува посебен апел до повозрасните лица и пензионерите, посебно да внимаваат кога ги подигнуваат нивните пензии од банките и банкоматите каде има поголема фреквенција на луѓе, особено да обрнат внимание на нивното опкружување, а паричните средства соодветно да ги чуваат во паричници и да внимаваат да не бидат предмет на измама.

„ Сакаме да информираме дека во периодот од месец јануари па се до 05.10.2023 година во СВР Битола имаме вкупно  евидентирани 23 пријави за измамени граѓани по чл.247 „измама„или 18 пријави само во Битола ,за што само во Битола криминалистичката полиција поднесла 6 кривични пријави против 18 сторители. Во нашите евиденции бележиме и комјутерски измами казниви по чл 251 -б од кривичен Законик за што работиме на откривање на сторителите. Измамите претставуваат кривично дело по член 247 од Кривичниот законик за кое е предвидена парична или казна затвор од три до пет, односно 10 години, зависно од големината на причинетата материјална штета“ стои во соопштението на полицијата.

Секторот за внатрешни работи Битола презема интензивни мерки и активности за спречување на ваквите појави и расчистување на пријавените измами.