Арнаудов: Никој ништо не ми ветил, никоj не е предавник

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето изјави дека не смета оти некој е предавник и дека не знае кој стои за вчерашното писмо.

Toj истакна дека не е точно дека имале закани и дека примиле пари.

„Ништо не е ветувано за случајот 27 април и затоа не сакам да давам никакви информации. Доаѓаме тука да докажеме дека сме невини, изјави Арнаудов.

Тој додаде дека нема да се меша во судските одлуки.

„Верувам во судот и тоа што ќе го донесе како одлука ќе го почитуваме и ќе ги користиме сите правни лекови“, потенцира Арнаудов, кој посочи дека го обезбедува полицијата по службена должност.

Саши Василевски и Крсто Мукоски не сакаа да дадат изјави пред влегувањето во судот на денешното рочиште за „27 април“.

Пред почетокот на денешното рочиште Богдан Илиевски прашан дали се чувствува предаден, посочи само „сите ние сме браќа“.

Во судот пристигнаа сите обвинети во случајот 27 април. На денешното рочиште предвидено е во судницата да се прегледуваат видеоснимките од собраниските камери направени на 27 април.

Денешното рочиште ќе биде прво по пуштањето од домашен притвор на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов и нивното гласање за уставните измени во петокот во Собранието.

За случајот „27 април“ на Основното јавно обвинителство обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

мкд.мк

Share.