Арјен Робен ја заврши професионалната кариера

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Арјен Робен ова лето го напушти Баерн Минхен и имаше неколку понуди. Неговите поранешни клубови Гронинген и ПСВ пројавија интерес, како и неколку клубови од САД.

Сепак, Холанѓанецот реши да стави крај на импресивната кариера во која освојуваше титули во Холандија, Англија, Шпанија и Германија.

„Размислував многу во последните неколку недели. Како што сите знаат, одвоив време да донесам одлука за мојата иднина откако го одиграв последниот меч за Баерн Минхен. И одлучив да ставам крај на кариерата“ – се вели во соопштението кое го испрати Арјен Робен.

Share.