Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на завршните активности за реконструкција на улица „Захарија Шумљанска”, соопштија од Општина Битола.
Со асфалтирањето на улицата, проектот се финализира, со што се реализира долгогодишното барање на граѓаните, за обезбедување на соодветен пристап до Светонеделските гробишта.
За реализација на овој проект во должина од 1453 метри, локалната самоуправа инвестираше 24.400.000 денари.