Асфалтирана улицата „Тодор Скаловски“ во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Завршува асфалтирањето на улицата „Тодор Скаловски“ на потегот зад зградата Аурум и Правниот факултет.

Во должина од 260 метри, се санира делот кој претставуваше проблем за жителите на зградата. Во зависност од временските услови, ќе се продолжи со работа и асфалтирање на улиците во АРМ 1 и АРМ 2, кои се опфатени со средствата од кредитот на Светска Банка. Изведувач на градежните работи, односно асфалтирањето е ГП „Гранит“, информираат од општината.


Share.