Асфалтирана ул.Петта Прилепска бригада

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општина Прилеп ја продолжува градежната активност за рехабилитирање и асфалтирање на улици во градот.  Деновиве, нов асфалт добиулицата „Петта Прилепска бригада“.  Се асфалтираше површина од околу 7.500 метри квадратни. Градоначалникот Илија Јованоски заедно со Претседателот на Совет Миле Талевски денеска направија увид во завршетокот на градежните зафати на оваа улица.

“Денеска се наоѓаме во урбаната заедница „Гоце Делчев“ каде се врши комплетна рехабилитација на улицата ‘Петта Прилепска бригада’, која се асфалтира во должина од 1500 метри.Oд денес оваа урбана заедница ќе наликува на една модерна населба, каде ќе има непречен проток на сообраќај, а не како досега со дупки по целата должина. Тука не запираме, наредните денови ќе бидат асфалтирани и рехабилитирани улицата‘Ѓорѓи Димитров’и улицата ‘11-ти Октомври’, а на крај ќе завршиме со асфалтирање на улицата ‘Стеван Апостолоски’ и со тоа ќе го заокружиме тендерот што го имаме на располагање. Морам повторно да посочам дека ќе ги асфалтираме сите улици, особено на перифериите од нашиот град, а онаму каде што имаме нерешени имотно правни односи, ќе се залагаме граѓаните да изнајдат решение“, апелираше градоначалникот Јованоски.

„Овде имаме два одделни краци по 750 метри должина и 5 метри ширина, продолжуваме по улицата ‘Ѓорѓи Димитров’, потоа следува улицата ‘11-ти Октомври’ со ширина од 6 метри и должина од 450 и улицата ‘Стеван Апостолоски’која започнува од улицата ‘Васко Каранѓелески’ до улицата ‘Мице Козар’, која беше во навистина лоша состојба и сега е време за нејзино рехабилитирање“,изјави Благоја Богоески, задолжен за надзор врз
градежните работи.

Претседателот на урбаната заедница ‘Гоце Делчев’ се заблагодари на градоначалникот Илија Јованоски и на Општина Прилеп за искрената соработка.

„Како претседател на УЗ ‘Гоце Делчев’, изразувам голема благодарност за соработката со Локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски. Во изминатиот преиод оваа урбана зедница наликува на една вистински урбана зедница каде граѓаните ќе може да уживаат во сето она што е реконструирано, доградено и изградено во овој изминат период заедно со градоначалникот и локалната. Денеска се асфалтираше целата ‘Петта Прилепска бригада’, се имаат асфалтирано пет краци на улицата ‘Пчиња’, улицата ‘Фрушка Гора’ во должина од 150 метри, се работи на улиците ‘Козара’ и ‘Никола Тесла’, а се надевам дека и понатаму со ваков интензитет ќе продолжи соработката со локалната самоуправа, посочи Зоран Андреески, Претседател на УЗ „Гоце Делчев“

Граѓаните задоволни од направеното.

„Јас сум Снеже Богатиноска жител на оваа урбана населба, 70 години во оваа месна заедница небеа асфалтирани улиците, по 70 години сега за прв пат ќе стапнеме на асфалт и многу сме благодарни на целото раководство кои ни го пружи ова задоволство“, вели Богатиноска.

„Со изградбата на улицата ‘Петта Прилепска бригада’, направивте големо нешто, бидејќи е украс на целото маало. Овде има и парк кој ќе му служи на граѓаните да се одморат и да се дружат“, вели Благоја Спиркоски жител на УЗ ‘Гоце Делчев’.

Изминатите денови се асфалтирани и пет краци на улуците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски“.

 

 

Share.