Атиџе од “Медена Земја” ќе добие нова насмевка

Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева е добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова.
Нивното пријателство сега прерасна и во нивна заедничка соработка, oдносно снимија две песни  „Добро раѓа добрина“ и „Иста судбина“. Еден месец после промоцијата на спотот таа одлучи со фановите да сподели дел од фотографиите направени за време на снимањето на спотот од Бекрија до Битола.

Таа деновиве ја однесе Атиџе на забар каде започнаа со работа на нејзините заби што беше еден од плановите за подобрување на изгледот на Атиџе кој го имаа одамна а веќе се остварува. На својот фејсбук профил Сузана објави фотографија со Атиџе на забар и напиша “Не постојат случајни насмевки. Постојат само насмевки за кои се заслужни добрите стоматолози”. Останува да видиме како ќе изгледа Атиџе со новата насмевка која и досега зрачеше со топла енергија, скромност и добрина.

Покрај ова Атиџе од пријателствотот со Сузана и нејзината хумана работа успеа да ја реновира својата скромна кукичка а деновиве некои добри луѓе и подарија и клима уред.

Овие две пријателки освен што пејат и патуваат зедно, тие и готват. Атиџе неодамна ја почести Сузана со нејзиниот специјалитет дорфулиски тиквички.

Сузана Турунџиева е позната по тоа што гордо го носи епитетот битолчанка и секогаш за својот град и сограѓани зборува со најубави пофалби. Често на нејзиниот фејсбук профил ќе забележите кога доаѓа во Битола, во што ужива и што ја прави среќна во својот роден град. Од нејзиниот пример како хуман човек ајде да научиме сите и да помогнеме некому на кој нашата помош ќе успее да му го промени животот на подобро. Има ли нешто поубаво од тоа?

Сподели