Атлетико доби уште едно дерби, четврта победа пролетва за битолчанки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Убедливите победи на Тиверија и Драгон и триумфот во дербито на Атлетико го окарактеризираа 15. коло на женскиот фудбалски шампионат на Македонија.

Најголема драма имаше на дуелите во Речицаа и во Битола. Борец славеше во Речица со 3-4, а со истиот резултат Атлетико триумфираше против АСС Јунатед од Струга. Милевска и Чубриновска со по два гола беа најзаслужни за победата на екипата на Никола Гелевски.

Битолчанки оваа пролет впишаа четири победи во исто толку натпревари и стабилно чекорат кон врвот.

 

Share.