Ахмети: Нема проблеми во коалицијата на ДУИ и СДСМ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми.

„Секако дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство сѐ до непочитување на партнерството. Нема никакви проблеми кои би нѐ загрозувале нас, коалициските партнери“, изјави Ахмети синоќа на прославата на годишнината од Охридскиот рамковен договор во Скопје.

Share.