Ајкула долга 2 метра снимена во плиткото на Јадранско Море

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа ајкула во плиткото на хрватскиот остров Корчула.

Имено, станува збор за сина ајкула, која живее во Јадранското Море и која главно се храни со риба, додека ретко напаѓа луѓе, објави порталот РТЛ.

Како што се додава, досега во Хрватска се забележани девет напади на ајкули, а жртвите биле странци.

Ајкули, патем, многу ретко доаѓаат во плитките води, но овој пат тоа го направи сина ајкула долга два метри.

Прочитајте и: Кој е човекот кој му удри шамар на Макрон – живее со мајка му и го чита Хитлер


Околу 50 видови ајкули живеат во Јадранското Море. Повеќето се хранат со планктон, риба, птици и ракови.

Сподели