Бабец театар го одбележа својот 8-ми роденден

0
165

„Патувањето на еден облак“ е насловот на претставата која детскиот театар „Бабец“ од Битола ја постави на новата сцена на Центарот за култура за најмладата публика. Со оваа претстава „Бабец театар“ го одбележа својот 8ми роденден а автор на текстот е Роберто Фрабети од Италија, уметничкото оформување е на Јулијана Мирчевска, а актерската игра е на Соња Ошавкова и Веда Мавровска која го игра и главниот лик во самата претстава.
Како професионален актер во претставата се појавува и Соња Ошавкова која го игра ликот на облачето а нејзината актерска игра од оваа престава ја посветува на својата мајка.

Да се работи со деца многу е тешко но задоволството е огромно. Истакна раководителот на детскиот театар „Бабец“ Васко Мавровски.
Малите деца не разбираат во целост, но ја доживуваат убавата слика и зборовите со кои им раскажуваме за светот кој ги опкружува. Ете на тој начин се обидуваме да им наметнеме вредности за цел живот, а непосредно и потсвесно им помагаме да го разберат светот околу нив“, велат од „Бабец театар“, кој годинава го одбележува својот осми роденден.