Денешната Бадникова поворката со неколку илјади учесници започна од плоштадот „Магнолија“, а продолжи до црквата “св. Великомаченик Димитриј” и потоа по Широк Сокак до платото на Офицерскиот дом.
Како дел од свечената програма свој настап имаа нашите учесници на детската Евровизија Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, детскиот црковен хор св. Стилијан со изведба на црковни псалми и неколку солисти кои за крај ја изведоа песната “Вечниот Бог”.
Свое обраќање имаше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.



















