Ангелската војска пеејќи ја песната “Вечниот Бог” го најави Христовото Раѓање! Ден исполнет со многу радост, исполнети срца, насмевки и среќни лица, вели градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.


Стевановски пред општинската зграда ги пречака коледарчињата и им подари коледарски пакетчиња. Но, вели, тие нас многу повеќе ни дадоа.


„Ни пренесија радост и добра волја! Посакувам оваа радост и добра волја да трае цела година. И догодина поголема војска од деца, поголема радост во сечиј дом! Да ја чуваме верата христијанска, да ја негуваме традицијата, да ги запазуваме вистинските вредности! Честит Бадник“ порача градоначалникот на Новаци.














