Балканската рута за бегалци полека пак се актуелизира, Фронтекс во Албанија

0
753

Фронтекс, Европската агенција за заштита на границите наскоро ќе распореди 45 полицајци на границите на Албанија за да го спречи можниот нов бран на емигранти, изјави Фабрис Легери од Фронтекс. Италија ги заоструга критериумите, 35 мигранти загинаа откако се преврте брод во близина на брегот на Тунис.

Албанија е една од земјите преку која нелегалните емигранти сакаат да влезат во во Европа.

Легари вели дека се очекува нов бран на бегалци од Северна Грција, кои преку Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска сакаат да влезат во земјите членки на ЕУ.

Бегалците се од Сирија, Ирак и некои земји од Африка.

Новиот италијански министер за внатрешни работи Матео Салвини кажа на Сицилија дека тој остров „нема да биде бегалски камп на Европа“, пренесува Би-би-си. Лидерот на крајно десничарската партија Лига додаде дека плановите на владата за емиграцијата „не се радикални, туку здрав разум“.

Викендов најмалку 35 мигранти загинаа откако се преврте брод на кој биле качени во близина на брегот на Тунис, соопшти Министерството за одбрана на таа држава. Крајбрежната стража спасила 67 лица.

Дел од мигрантите биле државјани на Тунис. На бродот имало околу 180 мигранти, изјавија официјални лица.

mkd.mk