Гостин на неделата во „Ритамот на градот“ беше Ален Рустемовски, млад боксер од Битола со извонредни спортски достигнувања. Ален е Балкански шампион, со бројни награди и учества на европски првенства и светски игри.
Во 2023 година, тој беше прогласен за најуспешен боксер, а оваа година го освои златниот медал на Балканското првенство кое се одржа во Србија. Тоа беше воедно и прв златен медал за Македонија во боксот по цели три децении. Покрај ова, Ален успешно го претставуваше Балканот и на светското првенство, покажувајќи дека поседува огромен потенцијал и несопирлива енергија.
„Боксот е моја мотивација, моја пасија, мој талент, нешто во кое давам сè од себе,“ – вели Ален, со голема самодоверба и скромност.
Не го пропуштајте интервјуто со овој млад шампион кој со сигурност ја враќа славата на македонскиот бокс. Откријте повеќе за неговата инспиративна приказна, посветеноста кон спортот и визијата за иднината.











