Банкротираа рестораните на Џејми Оливер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Околу 1.000 вработени ќе ги загубат работните места, бидејќи стечајни управители ќе ја преземат контролата врз задолжениот бизнис. Славниот готвач рече дека е многу тажен.

Познатиот готвач Џејми Оливер денеска ги стави своите британски ресторани во стечај, форма на заштита од банкрот, откако последниве години синџирот ресторани се бореа со долгови и со сѐ позаситениот пазар.

Сите освен три од 25-те ресторани на Оливер ќе бидат затворени, а околу 1.000 вработени ќе ги загубат своите работни места, според КПМГ, фирмата ангажирана да го раководи бизнисот за доверителите.

Останатите објекти, два ресторани „Џејмис италиан“ и „Џејмис дајнер“ на аеродромот Гетвик, ќе останат отворени на неодредено време.

„Скршен сум што нашите мошне сакани британски ресторани влегоа во стечај“, напиша Оливер на Твитер. „Длабоко сум натажен од овој исход и би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе што во текот на годините ги ставија своите срца и души во овој бизнис“.

mkd.mk

Share.