Барди: Ништо не е загубено, шампионатот само што започна

Енис Барди и покрај проблемите кои ги имаше со ковид-19 пред ЕП сепак доби шанса од првата минута и учествуваше на дебито на македонската репрезентација.

Според него, ништо не е загубено и дека шансите за пласман во следната фаза и понатаму се присутни.

„Мислам дека ова беше добар натпревар за нас. Беше тешко и очекувавме така да биде. Во некои моменти бевме подобри од нив. Тие подобро ги искористија шансите кои ги имаа. Дадовме сè од себе. Мора да продолжиме, имаме шанси до крајот на првенството. Сега треба да се одмориме добро и да видиме каде ни се грешките. Секој противник ни ги анализира слабите точки. Да ги одмориме главите и телото и да мислиме на Украина. Ќе играме за да дадеме повеќе од овој меч. Ни фали малку за да бидеме поопасни во напад. Им благодарам на сите што дојдоа да не бодрат. Тие се дванаесетти играч за нас“, рече Барди по натпреварот со Австрија.

Сподели