Барса му нуди професионален договор на Ансу Фати

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Младиот Ансу Фати ги искористи повредите на соиграчите во Барселона, поради кои доби место во првиот тим и блесна во изненадувачко добро издание.

Тој веќе постигна два гола и имаше асистенција во три настапи за Барселона.

Информациите од Шпанија велат дека Барселона сака да потпише нов договор со својот играч, а негов претставник во преговорите е Родриго Меси, братот на Лео.

Се верува дека Фати за продолжување на договорот ќе добие бонус од 700.000 евра. А неговата плата ќе зависи од тоа дали ќе биде во првиот или во тимот Б на Барселона.

Share.