Бајага и Инструктори на 31 Јули со концерт во Хераклеа

Се чини дека летово музичарите започнаа со своите концерти доста успешно со оглед на тоа што публиката беше жедна за едно такво искуство кое и недостигаше во екот на цела Ковид пандемија. Наскоро во Битола доаѓаат Бајага и Инструктори и тоа на 31.07.2021 со свој настап во Хераклеа. Во меѓувреме тие не мируваат туку имаа доста успешни концерти, еден од последните беше концертот на стадионот Ташмајдан во Белград каде во публика се најдоа и дел од познатите изведувачи Романа Паниќ, Драган Бјелогрлиќ со сопругата и други. Фотките од овој концерт сведочат за она што ги очекува битолчани на 31 Јули во Хераклеа.

Својата музичка кариера Бајага ја започнал на својата 14. година, во групата „ТНТ”. По три години ѝ се приклучил на групата „Рибља чорба”, една од најпопуларните музички групи во тоа време. Најпрвин, тој се појавувал само на концертите на групата, апостепено станал главен композитор, заедно со Бора Ѓорѓевиќ. На 19 јули 1984 година, Бајага бил официјално исклучен од „Рибља чорба”, а подоцна ја основал својата музичка група „Бајага и инструктори”.

Бајага и Инструкторите ) е српски и поранешен југословенски рок бенд, основан во Белград во 1984 година од стана на композиторот, текстописец и гитарист Момчило Бајагиќ „Бајага”. Групата поседува богата дискографија и плејада на хитови што ги сместија на врвот на поранешната југословенска рок сцена, заедно со другите мега-продавачки бендови како на пр. Бијело Дугме и Рибља Чорба .

Сподели